Шербеџија ги испијани скопјани


Раде Шербеџија одржа концерт за паметење вчера во Универзалната Сала. Харизматичниот актер и пејач придружуван од „Западни колодвор бенд“ ги почести скопјани со одлична вечер, а себе си се почести со убаво вино на сцената.
sherbedzija-skopje-18-03-03
Искусниот шармер ги испеа своите најголеми хитови пред преполната Универзална, а на крајот на бис ја изрецитира и прекрасната „Не дај се Инес“.
sherbedzija-skopje-18-03-01
Се извини што мораше концертот да биде одложен за еден ден од првично планираното, а и што пати од мала настинка, иако публиката воопшто не забележа тоа да се одрази на концертот и на целосното уживање.
sherbedzija-skopje-18-03-02
Шербеџија беше придружуван од бендот во кој на гитара свири и неговиот син, а дел од сцената зеде и убавата Јана Стојановска, младата македонска актерка која доби многу пофални зборови од нејзиниот повозрасен колега.
sherbedzija-skopje-18-03-04
Со многу емоции, сеќавање на старите времиња, Раде раскажа и за случката кога го препознале среде Лондон но не му верувале дека е токму тој, вистинскиот Шербеџија. На крајот ја испрати публиката омекната, разнежнета и крајно среќна. Прекрасна вечер со големиот, прекрасниот Раде Шербеџија.
sherbedzija-skopje-18-03-05
sherbedzija-skopje-18-03-06
sherbedzija-skopje-18-03-07
Извор БРКАЈ РАБОТА

ShareThis