"Аватар 2" во кино салите можеби дури во 2017 година




Џон Ландау еден од продуцентите, токму сега ја промовира новата 3D верзија на 'Титаник', а во текот на едно од промотивните интервјуа изјавил нешто и за снимањето на продолжението на 'Аватар'.

Ландау кој на светот веќе еднаш му објави дека ќе се поместат планираните рокови за завршувањето на овој проект, сега се сомнева во можноста за реализација на 'Аватар 2' до 2014 година.

'Немам датум, но мислам дека до 2014 ќе биде тешко да се исполни тоа. Се работи за тоа дека сакам да испадне навистина добро.', објаснува Ландау.

За сега, се шпекулира дека најраниот рок за премиера на овој филм ќе биде 2015, ако не 2016 или 2017 година, иако работата на филмот веќе почна.
ИЗВОР ТОЧКА.com.mk

ShareThis