"Аватар 2" во кино салите можеби дури во 2017 година




Џон Ландау еден од продуцентите, токму сега ја промовира новата 3D верзија на 'Титаник', а во текот на едно од промотивните интервјуа изјавил нешто и за снимањето на продолжението на 'Аватар'.

Ландау кој на светот веќе еднаш му објави дека ќе се поместат планираните рокови за завршувањето на овој проект, сега се сомнева во можноста за реализација на 'Аватар 2' до 2014 година.

'Немам датум, но мислам дека до 2014 ќе биде тешко да се исполни тоа. Се работи за тоа дека сакам да испадне навистина добро.', објаснува Ландау.

За сега, се шпекулира дека најраниот рок за премиера на овој филм ќе биде 2015, ако не 2016 или 2017 година, иако работата на филмот веќе почна.
ИЗВОР ТОЧКА.com.mk

Официјално видео за „Црно и бело“ на Калиопи


 
kaliopi-1
Црно и бело е се. Не само во стиховите, туку и на спотот. Уживајте во видеото и стискајте палци за нашата Калиопи која ќе не преставува на Евровизија.
 
 ИЗВОР БРКАЈ РАБОТА

Неверојатна реклама за автомобил (видео х2)


Неверојатна реклама за автомобил (видео х2)
Би Ве поттикнала ли рекламава да ја купите колава? :)




 
Еве ја и верзијата за девојките:
 

Шербеџија ги испијани скопјани


Раде Шербеџија одржа концерт за паметење вчера во Универзалната Сала. Харизматичниот актер и пејач придружуван од „Западни колодвор бенд“ ги почести скопјани со одлична вечер, а себе си се почести со убаво вино на сцената.
sherbedzija-skopje-18-03-03
Искусниот шармер ги испеа своите најголеми хитови пред преполната Универзална, а на крајот на бис ја изрецитира и прекрасната „Не дај се Инес“.
sherbedzija-skopje-18-03-01
Се извини што мораше концертот да биде одложен за еден ден од првично планираното, а и што пати од мала настинка, иако публиката воопшто не забележа тоа да се одрази на концертот и на целосното уживање.
sherbedzija-skopje-18-03-02
Шербеџија беше придружуван од бендот во кој на гитара свири и неговиот син, а дел од сцената зеде и убавата Јана Стојановска, младата македонска актерка која доби многу пофални зборови од нејзиниот повозрасен колега.
sherbedzija-skopje-18-03-04
Со многу емоции, сеќавање на старите времиња, Раде раскажа и за случката кога го препознале среде Лондон но не му верувале дека е токму тој, вистинскиот Шербеџија. На крајот ја испрати публиката омекната, разнежнета и крајно среќна. Прекрасна вечер со големиот, прекрасниот Раде Шербеџија.
sherbedzija-skopje-18-03-05
sherbedzija-skopje-18-03-06
sherbedzija-skopje-18-03-07
Извор БРКАЈ РАБОТА

ShareThis